| четврток, 6 декември 2018 |

Трофеите поставени, фановите се собираат на плоштад, неутралната зона отворена! (ГАЛЕРИЈА)

 

Утрово на плоштад „Македонија“ официјално се отвори „неутралната фан зона“ подготвена од Град Скопје во пресрет на УЕФА Супер Купот.

Во зоната, во соработка со УЕФА и ФФМ веќе се поставени и трите трофеи на УЕФА, трофејот на Лигата на Шампионите, трофејот на Лига Европа и Супер Купот. Секој посетител ја има можноста да се фотографира со нив и со позадини од двата тима, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Спремно е и грас рут игралиште на кое млади момчиња и девојчиња од цела Македонија ќе се натпреваруваат за интересни награди. Момчињата започнаа со дуелите денес во 11.00 часот, а ќе ги завршат натпреварувачките активности во 13.00 часот, додека пак девојчињата ќе играат следниот ден, во истиот термин.

Во „неутралната фан зона“ се организирани неколку активности кои имаат за цел да го доловат духот на Супер Купот. Може да се игра 1 на 1 фудбал, има посебна локација за шутирање на пенали и може да се игра фудбалски тенис. Поставена е и бина каде експерти од Франција во freestyle фудбал ги покажуваат и ќе ги одмерат своите способности со посетителите. За додатна анимација на секој обожавател на фудбалот ќе биде ангажирана и маскотата на Скопје Супер Куп.

Трофеите на УЕФА ќе бидат во зоната до 8ми август до 16.00 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top