Под влијание на многу топла воздушна маса времето до петок ќе биде претежно стабилно и многу топло, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Утре во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. УВ индексот и понатаму ќе биде многу висок со вредност 9.
– Според прогнозираните температури, во наредните денови целава земја ќе биде во портокалова фаза во однос на опасноста од високи температури. Промена на временската состојба се очекува од сабота, кога ќе има зголемување на облачноста и локален дожд со ретки грмежи. Ќе дува и засилен ветер, најпрво од југозападен, а во недела од северен правец. Во сабота максималната температура во интервал од 32 до 39, а во недела од 28 до 34 степени, информира УХМР.
Максималната температура денес е во интервал од 34 до 41 степен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.