| четврток, 6 декември 2018 |

Заев се сретна со црногорскиот амбасадор Митровиќ

Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Република Црна Гора во Република Македонија, Предраг Митровиќ. 

Самитот во Подгорица го потврди традиционалното пријателство помеѓу двете држави и отвори перспективи за надоградување на билатералната соработка и заедничко дејствување на регионален план, е заедничката оценка на премиерот Заев и црногорскиот амбасадор Митровиќ – велат од Владата.

На средбата, премиерот Заев соопштил дека Владата на Република Македонија ја постави државата на евро-атланскиот пат и дека сега ги прави сите потребни чекори за реализација на овие две стратешки цели за државата.

 

Премиерот Заев и црногорскиот амбасадор Митровиќ на средбата разговарале за унапредување на соработката помеѓу Република Македонија и Република Црна Гора на полето на економијата, туризмот, земјоделството, за можноста за отворање авиолинија, за поедноставување на административните бариери. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top