| четврток, 6 декември 2018 |

Реал со најсилен состав доаѓа во Скопје, на списокот и Кристијано Роналдо

Европскиот првак Реал Мадрид со сите свои ѕвезди доаѓа во Скопје, на дуел против Манчестер јунајтед за трофејот во Суперкупот на Европа што утре ќе се одигра на „Телеком Арена“. Тренерот Зинедин Зидан во составот ја вклучи и својата најголема ѕвезда Кристијано Роналдо, кој одржа само еден заеднички тренинг со соиграчите, откако доби продолжен одмор поради настапот со Португалија на Купот на Конфедерациите.

Роналдо ја пропушти комплетната турнеја во Соединетите Американски Држави, но напомена дека сака да биде дел од составот на Реал Мадрид во битката против неговиот поранешен клуб Манчестер јунајтед. Мегаѕвездите на Реал Мадрид околу 13.30 часот треба да слетаат на скопскиот аеродром и ќе бидат сместени во хотелот „Александар Палас“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top