| четврток, 6 декември 2018 |

Дали Алина го освои Путин?

Го најдов човекот на мојот живот, сакам да се омажам и да се реализирам како мајка, изјави Алина Кабаева, поранешната руска гимнастичарка на прославата на својот триесетти роденден.

Оваа изјава немаше да биде толку важна и третирана од светските медиуми ако не стануваше збор за девојката за која се смета дека многу години го има освоено срцето ва рускиот претседател Владимир Путин, кој, пак, неодамна објави дека се разведува.

Алина Кабаева не сака да каже кој е човекот за кого планира да се омажи.

– Тој е човек кај кого сѐ ми се допаѓа. Во моментов се чувствувам толку убаво што некогаш се плашам – рекла Кабаева.

Кабаева е прогласена за најубава спортистка во Русија, од 2005 година е во политиката, а од 2007 година и пратеник во руската Дума како дел од партијата на Путин, Обединета Русија. Покрај спортот и политиката, Кабаева за занимава и со хуманитарна работа. Имано, таа го води хуманитарниот фонд „Алина“, по што наликува на многу први дами во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top