| четврток, 6 декември 2018 |

Неутралната фан зона се отвора во понеделник во 11 часот

На само два дена до УЕФА Супер Купот помеѓу двата најтрофејни клубови во Европа, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, Град Скопје е целосно подготвен да ги пречека илјадниците навивачите кои ќе пристигнат од сите страни на светот. Најголемиот број од активностите кои се организирани од страна на Град Скопје ќе се одржат во „неутралната фан зона“ на плоштад „Македонија“ која ја посети градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

„Неутралната фан зона“ ги отвора портите на 7ми август во 11.00 часот и се очекува посетата на илјадници обожаватели на фудбалот. За нивно анимирање покрај големиот број на активности ќе се погрижи и маскотата на Скопје Супер Куп, а голем број на волонтери ќе бидат одговорни за беспрекорна реализација на сите активности.

Град Скопје ги подготви и двете точки на среќавање на навивачите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Пред самиот натпревар тие ќе се соберат на плоштадот „Филип Втори“ и пред платото на спомен куќата на „Мајка Тереза“ од каде по строго одредени патокази поставени од страна на Град Скопје ќе тргнат кон националната арена „Филип Втори“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top