Горат нискостеблеста дабова шума и сува трева во атарот на кавадаречкото село Галиште.
Петко Ристовски, шеф за заштита на шуми во подружницата на ЈП Македонски шуми од Кавадарци, информираше дека пожарот кој избувна во петокот на прилепска територија и се уште е активен, од синоќа е префрлен и во кавадаречкиот дел.
– Засега се зафатени околу два хектара во Кавадаречко, кај местото викано Србиново. Во гаснењето учествуваат работници од подружниците на Македонски шуми од Прилеп и Кавадарци, прилепски пожарникари и луѓе од ловиштето „Сафари”, соопшти Ристовски.
За полесно справување со пожарот тој очекува во акцијата на гаснење да се вклучат и воздухоплови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст