Најголемите политички партии во земјава се подготвени за локалните избори. По одлуката на 15 октомври да бидат спроведени локални избори, и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ излегоа со став дека веруваат во позитивни резултати на овие избори.
Конечно после многу недоумици и сомнежи распишани се и определен е датумот за локалните избори во Република Македонија. Локални избори според она што е потпишано ќе имаме на 15-ти октомври оваа година, изјави денеска на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
-ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ е целосно спремна за настап на локалните избори каде што очекуваме со нашата програма и кадровска понуда да освоиме најголем број на гласови на локалните избори, најголем број на советници во споредба со другите политички партии и најголем број на градоначалници споредбено со другите политички коалиции – рече Милошоски.
Вели дека очекува дека нивниот тим кој што е создаден од Извршниот Комитет секојдневно и навремено да си ја исполни својата задача за подготовка на програмата за настап на изборите на државно ниво и подготовка на сите програми на локално ниво согласно општинските специфики кои што ги работеле заедно со потребите на граѓаните кои што ги среќавале на терен и заедно со стручни лица од повеќе области кои што се важни за секоја локална самоуправа. На крајот, рече тој, локалните избори на 15-ти октомври нема да бидат обични локални избори.
–Многу прашања не добија одговор од актуелната власт на Заев, Ахмети и Села. Прашањето за двојазична Македонија не беше ветено пред изборите, а денес е товар на незадоволството и достоинството на македонските граѓани. За тоа прашање исто така граѓаните ќе можат да го дадат своето мислење на 15-ти октомври, рече Милошоски и додаде:
Македонско – бугарскиот договор кој што е штетен, неспособноста да се излезе во пресрет на потребата на гасење на пожари и депонии, неспособноста да се исполни ветувањето за 100.000 денари лекарска плата, неспособноста и молчењето да се обезбедат 500 евра за просечна плата како големо изборно ветување и не давањето на одговори на прашањето зошто е направена стратегија Македонија да стане земја на бегалци и мигранти за кои што ќе се плаќа од нашиот буџет наместо да им се помага на нашите граѓани.
-Сите овие прашања и дилеми ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните и секој наш државјанин ќе можат да ги одговорат на 15-ти октомври и да го дадат своето мислење затоа што нивната оценка и нивниот глас е поважен од секое нереализирано ветување или од секоја пост изборна измама на господинот Заев.
И од СДСМ со изјава дека очекуваат победа на овие избори. Томислав Тунтев, координатор на пратеничката група го поздрави распишувањето на локалните избори и рече дека очекува убедлива победа на нивните кандидати за градоначлници и листи за советници, во интерес на граѓаните.
„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е подготвен за локалните избори што по промената на централната власт, ќе донесат промени и на локално ниво. Поддршката што граѓаните ја даваат на СДСМ и проектите што носат живот за сите, секојдневно расте. Тоа е видливо и од нашите секојдневни средби со граѓаните и од општата атмосфера на слобода што владее во изминатите два месеца.Со победата на СДСМ на претстојните локални избори, започнатиот процес на реформи и ослободување ќе продолжи и на локално ниво“, изјави Тунтев.
По промената на локалните власти, додаде тој, целосно ќе запре партизацијата и заробеноста на инстутициите на општинско ниво, што денес во голем број се заробени и партизирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
„Граѓанската опција предводена од СДСМ носи нови вредности и нови придобивки. Општините ќе работат за граѓаните и олеснување на нивниот живот. Граѓаните во центарот на вниманието и решавање на нивните проблеми и на локално ниво ќе биде реалност. Повикуваме сите учесници во изборниот процес да се однесуваат одговорно и со нивното дејствување да придонесат во одржувањето фер и демократски избори. Очекуваме дека надлежните институции за организација на изборите ќе бидат подготвени ефикасно и професионално ќе одговорат на предизвикот за организирање на фер, слободни и демократски избори што во целост ќе ја рефлектираат волјата на гласачите“, вели Тунтев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст