| четврток, 6 декември 2018 |

Суперкуп – директен пренос од „Филип Втори“ ќе има во 228 земји

Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед кој се игра во вторник, 8 август, на стадионот Филип Втори, ќе биде и најголемиот УЕФА Суперкуп. Досега никогаш во него не учествувале два гиганти како Манчестер јунајтед и Реал Мадрид поради тоа што вообичаено победник во Купот на УЕФА или Лига Европа е помалку атрактивен тим.
Според УЕФА, директен пренос од „Филип Втори“ ќе има во 228 земји ширум светот и се очекува гледаност од половина милијарда гледачи, што ќе претставува и еден од најгледаните спортски настани воопшто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top