| четврток, 6 декември 2018 |

Вперен пиштол во две другарки во Градски Парк

Две непознати лица лица извршиле разбојништво над Д.П.(28) од Скопје. Синоќа околу 21,10 часот во Градски Парк, додека Д.П. седела со нејзина другарка И.Б.(28) исто така од Скопје им се доближиле сторителите, при што едниот и вперил пиштол во пределот на градите, и им ги одзеле чантите. Во чантата Д.П. имала паричник со 1.300 денари, лични документи и мобилен телефон, а додека пак од И.Б. одзеле 1.200 денари, рачен часовник и мобилен телефон, по што го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top