Докторот на Клиниката за уво нос и грло, Јане Нетковски, кој беше најавен како директор на оваа Клиника, за подоцна, поради наводен технички предвид да биде сменета ваквата одлука, го демантира натписот во „Република“ со наслов: “450 евра за Јането: Новиот директор на уво нос и грло познат митаџија“,
Во неговиот демант стои:
-Во врска со вака објавената содржина, сакам да истакнам дека станува збор за целосна невистина и клевета изнесена од Ваша страна и со истата се нарушува мојот углед како лекар и како личност, затоа што не постои правосилна судска пресуда со која сум осуден за било какво кривично дело.
Во доставената одлука од Јавното обвинителство пишува дека Нетковски не примал поткуп и дека кај него не е пронајдено никакво кривично дело.
“Според прибавените материјални и вербални докази во текот на истрагата не се утврди дека во дејствијата на Нетковски се содржани битни елементи на кривично дело-примање поткуп ниту било кое друго кривично дело за кое се гони по службена должност“, пишува во решението на Јавното обвинителство, кога беше запрена истражната постапка против Јане Нетковски.
Докторот во својот демант посочува дека не постои правосилна судска пресуда против него. „Република“ во ниту еден момент не споменува правосилна судска пресуда. Во текстот се посочува приведувањето на Јане Нетковски во декември 2013 година, кога МВР излезе со соопштение дека побарал мито на пациент за операција на нос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст