| четврток, 6 декември 2018 |

Владата прогласи кризна состојба за пожарите

Кризна состојба во Македонски Брод и Општина Чашка прогласи Владата. По седницата оддржана за состојбата со пожарите во земјава, Управувачкиот комитет за координација со кризи одлучил оваа мерка да важи во наредните 30 дена. Владата координирано ќе делува во овие опожарени места. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека е потребно институциите да се мобилизираат и заедно навремено да делуваат во гаснењето на пожарот.Тој изјави дека граѓаните се надвор од опасност и нема простор за паника кај жителите од околните населени места. Пламените јазици беснеат на недостапен терен. Попладнево авионите на ДЗС  интервенираа и во Гостиварскиот регион. Во гаснењето на пожарите се вклучени и два хеликоптери на Р. Бугарија  Р.Турција.  Кризната состојба е прогласена поради зголемена опасност кај селото Калуѓерец каде пожарот е во непосредна близина на куќите. Се работи за пожарот што се префрли од селото Могилец. На теренот екипите дејствуваат, но се бара интервенција од воздушни летала.

Во моментов ангажирани се АРМ (за пожар во с.Требовље и дел од атар на с.Растеш), два хеликоптера (атарот на с.Брест од правецот на м.в Фојник).  ЈП „Македонски Шуми“ од Македонски Брод  се ангажирани за дејствување на пожарот во атар на с.Брес и моментално пожарот е ставен под контрола. Пожарот во селото Девич е локализиран.
За пожарот во атарот на с.Могилец присутни се ТППЕ Македонски Брод и ТППЕ Кавадарци, како и месното население на Могилец.
http://republika.mk/807613
Пожарот во атарот на селото Близанско во месноста викана Брдо и Круша, кој повторно беше активиран и премина во Фојник, во моментов е ставен под контрола по интервенција на хеликоптерите. Во Северниот скопски плански регион попладнево се појавил нов пожар на потегот од село Морани кон село Студеничани т.е. Вртекица. Исто така на потегот Матка-Шишево повторно се разгорува пожар.
http://republika.mk/807602
Пожарот е на сртот и нема опасност за палење висока шума, заради конфигурацијата на теренот. Инаку теренот е непристапен за сите видови возила и се следи од вработените на ЈП „Паркови и зеленило“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top