| четврток, 6 декември 2018 |

САД ќе продолжат да учествуваат во меѓународните преговори за климата

САД сепак ќе учествуваат во меѓународните преговори за климатски промени и покрај планираното повлекување од Парискиот договор за климата, соопшти Стејт департментот.

– САД ќе продолжат да учествуваат во меѓународните преговори и состаноците посветени на климатските промени, со цел да ги заштитат американските интереси и да обезбедат сите опции во идната политика да останат отворени за американската администрација- се наведува во соопштението.

Стејт департментот додава дека „таквото учество вклучува и актуелни преговори поврзани со примената на Парискиот договор“. Вашингтон ќе учествува на следната годишна конференција на ОН околу прашањата поврзани со климата во ноември во германскиот град Бон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top