Апелацискиот суд во Скопје денеска донесе одлука со која се укина решението на Основниот суд во Скопје со кое беше одлучено нелегално прислушкуваните материјали да не можат да се користат во постапка. Според експертите апелација со укинувањето на решението на Основен одлучила спротивно на закон и го прекрши чл. 12 ст.2 од законот за кривична постапка. Велат, ова е срам и брука за скопска апелација, којашто потклекна на притисокот на социјалдемократите и на странска амбасада под чии инструкции работи и Зоран Заев.
„Доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на Република Македонија, законот и меѓународните договори, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судската одлука. “ стои во чл.12 ст.2 од Законот за Кривична Постапка на Република Македонија.
Членот од законот е јасен и концизен и истиот не дозволува незаконски прибавени докази – односно докази кои не се прибавени во официјална кривична постапка – да бидат дел од постапка.
Оваа одлука е скандал и преседан од невидени размери и со ова се руши правниот систем, а граѓаните влегуваат во нова неизвесност – и сето тоа заради политичкиот интерес и притисок на СДСМ и нивните партнери, на кој потклекнаа судиите од Апелација. Веќе никој не е сигурен дека нема да биде шпиуниран, следен, прислушкуван од агентите на Заев и Верушевски кои пак сега ги имаат и полугитена власта.
Прислушкувани разговори како законска категорија, спаѓаат во делот на посебни истражни мерки, за чија примена одлучува судија во претходна постапка по претходно барање на Јавен обвинител и со исполнети претходни претпоставки. Тие можат да бидат дел од кривична постапка само доколку се прибавени на горенаведениот начин. Се што е прибавено надвор од оваа со закон утврдена постпка се смета за противправен акт, а за секој противправен акт следува одговорност согласно закон.
Очигледно е дека судот во изминатиов период се наоѓа под голем притисок од страна на СДСМ, кој првин вршеше притисок за ослободување од гонење на Зоран Заев, откако беше фатен жив како бара мито од 200.000 евра. Откако ја завршија таа „мисија“, сега притисокот го насочија во политичка пресметка и хајка против ВМРО-ДПМНЕ како партија и нејзини функционери, се со цел нарушување на угледот на партијата во очите на народот во пресрет на локалните избори.
Од ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати од партиски прес-конференции и изјави потенцираа дека за секое прекршување на законот ќе има правна одговорност по промената на власта и враќањето на правната држава.
„ Сите учесници во политичката хајки против ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека власта не е дадена еднаш за секогаш и секоја незаконска одлука ќе биде ревидирана, а за прекршителите на законот ќе следи одговорност по промената на власта и враќање на правната држава и владеењето на правото во органите на власта“ , изјавија вчера од ВМРО-ДПМНЕ.
Политиката над правдата: Срамна одлука на Апелација, аргументите игнорирани
Странска амбасада преку Апелација се обидела да му помогне на Заев за локалните избори
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст