| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ: Во Турција 850 бегалци имаат корист од проектот на ЕУ

Повеќе од 850.000 лица моментално имаат корист од проектот на Европската унија, кој предвидува парична помош за најранливите бегалски семејства во Турција, изјави денеска шефот на канцеларијата за хуманитарна помош на Унијата во Турција, Џејн Луис.

Таа рече дека со програмата е предвидено давање помош за 1,3 милиони бегалци до крајот на 2017 година.

Проектот, кој е направена како најголема европска хуманитарна програма предвидува дебитни картички за семејства кои се во најранлива положба, а со кои им се овозможува да купат храна и да ги задоволат другите потреби.

Програмата почна минатата година врз основа на договорот, во согласност со кој ЕУ намени три милијарди евра за помош на сириските мигранти во Турција, а Анкара за возврат треба да ја прекине илегалната миграција во Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top