| четврток, 6 декември 2018 |

Европол: Драги избегани криминалци, вратете се, имаме пријатни изненадувања за вас

Европската полиција во рамки на новата кампања со духовити разгледници ги повика најбараните европски одметници, што побрзо да се предадат.

„Колекцијата“ летни разгледици на Европол, со повици до најбараните европски криминалци, е објавена денеска.

– Драги Артур, белгискиот помфрит е најдобар и знаеме дека ти недостига. Врати се да уживаш во него – имаме и убаво изненадување за тебе, вели една разгледница на белгиската полиција, адресирана до Артур Навроцки, осуден за трговија со дрога.

Ова меѓу другото, е замислено и како реклама на интернет страницата со најбараните криминалци, креирана од Европол заради поолема посетеност.

– Драги Фарук, веруваме, знаеш дека животот е најубав во слатката Франција. Се надеваме дека ќе ни се вратиш наскоро. Ни недостигаш!, пишува на разгледницата од француската полиција до Фарук Хачи, осуден на 20 години затвор поради неколку вооружени грабежи.

– И додека повеќето од нас уживаат во заслужениот летен одмор, криминалците не одмораат од криминалот. Туристичките дестинации се одлични места за криење на криминалците, се вели во соопштение на Европол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top