| четврток, 6 декември 2018 |

Брутална тепачка во Куманово: Четворица со секира нападнале момче

Четири лица, вчера попладне нападнале 20-годишно момче во механичарска работилница на улицата „Христијан Карпош“ во Куманово, соопшти денеска МВР.

Според полицијата, четири лица, од кои Б.С, од село Ропаљце (Липково), А.Д. од село Черкезе и уште две непознати лица го нападнале 20-годишниот М.С, удирајќи го со рачка од секира по грбот. Момчето се здобило со телесни повреди.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top