| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешен советник на претседателот Иванов зборува на 73 јазици

muhamed mesic

Мухамед Мешиќ од Тузла зборува 73 светски јазици. Јазиците како англиски, грчки, турски ги совледал уште како дете, а со тек на време научил и хебрејски, јидиш, баскијски, кинјарварду…

Мухамед е роден во Тузла во 1984 година, а до својата 26 година зборувал 56 јазици.

По занимање е правник, а работи за групата „Брејнс ворк“, како проект-менаџер во Британскиот совет и бил личен советник на претседателот на Македонија и на градоначалникот на Тузла, јавува „Блиц“.

Досега работел на четири континети во 24 земји, а моментално живее во Виена и ги води правните работи во една градежна компанија.

За време на војната во Тузла среќавал војници од УНПРОФОР од Шведска, Пакистан, Норвешла и од љубопитност ги научил нивните јазици.

Единствен јазик што го учел на курс е знаковниот јазик. Рано почнал да чита и да пишува. Уште како мал пишувал од десно на лево, а неговите родители во огледало читале што тој напишал. Води белешки на хебрејски и на арапски.

– По некоја моја дефиниција, јазикот го говорам течно тогаш кога ќе можам да остварам самостојна секојдневна комуникација, како онаа кога ќе сретнете некој во автобус. Јазиците кои подолго ги говорам и со кои почесто се среќавам како англиски, италијански, португалски, турски, се јазици кои ги говорам многу добро – изјави Мухамед.

Тој изјави дека луѓето при честите патувања во Грција го прашувале дали е всушност Грк бидејќи имал акцент како да е роден во Атина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top