Владата во Бугарија е разочарана од информацијата која ја добиле во неодамнешната посета на Скопје дека поранешниот пејач во женски фустани, а сега хуманитарец Боки 13 побара посвојување на дете Македонче и дете Албанче, но не и на дете Бугарче.
Официјална Софија е навредена и се чувствува дискриминирано затоа што Бојан Јовановски, големиот пријател на Заев, Спасовски и Мила Царовска на својата листа на желби или т.н. тендер за посвојување деца кои ќе ги бара од своите пријатели од СДСМ нема дете Бугарче или барем Македонче со бугарски пасош.
Ова не е во духот на добрососедството, забележуваат од Софија и додаваат дека покрај признавањето заедничка историја, немање македонско малцинство во Бугрија и сложувањето за промена на историјата во Македонија, Скопје сега мора да издејствува Боки да посвои и бебе од бугарска националност.
„Некако нека го убедат Заев и Царовска, се фали насекаде дека им е пријател. Мора да го убедат да посвои бебе од Бугарија или барем да признае дека македонското бебе кое ќе го посвои има бугарски корени и дека е дел од „един народ“ дефиницијата на која се сложија Заев и владата и го потпишаа тоа во договорот“, велат наши извори од бугарската амбасада во Скопје.
„Многу е едноставно, навистина. Не е доволно што Заев потпиша дека Илинденското востание е Бугарско, дека Гоце Делчев, Даме Груев и Самоил се Бугари, а Македонија е измислена во 1934 година од коминтерната… не, Заев мора да го натера другарот Боки 13 да посвои Бугарче или да го прогласи македонското бебе кое ќе му го овозможи министерката Мила Царовска дека е всушност Бугарче – во спротивно може да заборавите на влезот во НАТО и ЕУ“, порачуваат Бугарите.
Како отстапка од нивна страна Бугарите понудиле Азис да го посвои Боки, меѓутоа на тоа се пожалиле експертите од ЕУ кои рекле дека со тоа овој договор ќе е асиметричен и со самото тоа невалиден.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.