Смртта на двајцата жители од селото Симница во Гостивар е резултат на недезинфекција на Гостивар и околината против комарци и други инсекти, а за тоа треба да одговара Невзат Бејта, коментира албанскиот портал „Шкипмедија“.
Дезинфекција на општините во Македонија треба да се прави еднаш годишно од страна на самите општини, кои треба да издвојат средства за Институтот за јавно здравје или за приватна фирма лиценцирана од страна на Министерството за здравство.
Општина Гостивар, предводена од Невзат Бејта, нема направено такво нешто бидејќи ваквиот процес чини неколку илјади евра, процес за кој албанските општини често одбиваат да платат, пишува порталот „Шкипмедија“. Гостивар и другите албански општини вршат само површинска дезинсекција против комарци, бидејќи тоа чини многу поевтино од процесот на дезинфекција од воздух, кој е речиси 100% ефикасен, но е многу поскап, забележува порталот.
„Таткото и синот од Симница во Гостивар починале како резултат на небрежност на градоначалникот на Гостивар Невзат Бејта, кој не направи дезинфекција на градот и околината оваа година. Исто така, ако семејството на мртвите одлучи да го тужи, Невзат Бејта може да се соочи со законот. Но, и ако тоа не се случи, заради нивната смрт него треба го гризе совеста и да си поднесе оставка. Ако не поднесе оставка, тогаш жителите на Гостивар на локалните избори треба да му го дадат ударот кој го заслужува“, пишува порталот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст