Министерот за одбрана на Бугарија и лидер на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов изрази големо задоволство од договорот кој неговата влада го потпиша со владата на Зоран Заев. Каракачанов не ја пропушти можноста во интервју по повод Илинден за бугарска телевизија да нагласи дека денес е голем ден кога се слави најголемото и најорганизирано бугарско востание кое започнало во Крушево на 2 август 1903 година. Тој истовремено потенцираше и дека македнските илинденци Гоце Делчев, Даме Груев и останатите, биле Бугари.
-Гоце Делчев, Даме Груев, многу од спомениците кои се поставени овде, се од луѓе кои припаѓаат на еден народ, си пишале самите во писма дека се Бугари, нема што да делиме од историјата, вели Каракачанов е дел од делегацијата на Бугарија при потпишувањето на договорот со владата на Заев. Тој вчера имаше средба со Шекеринска, а вечерта со поголема делегација од владата на РМ го прославуваа договорот во една скопска кафеана, како што известија медиумите.
Според Каракачанов со овој договор се исправале големи грешки и неправди низ историјата.
Со договорот, Македонија, благодарение на Заев, ги прифаќа сите барања на Каракачанов, Волен Сидеров и низа други луѓе кои тврдат дека македонската нација е измислена во 1944 година. Ваков документ не може ни во најлуди соништа да биде договор кој нема да е максимално штетен за Македонија, како и многу други договори кои СДСМ ги направи во својата историја.
Македонската јавност овој договор го нарече црн договор, а ВМРО-ДПМНЕ најави дека кога ќе се врати на власт ќе го преиспитува договорот и сите отстапки кои свитканиот во кичма Заев ги направи кон Бугарија, а за кои не доби ништо. Напротив, доби навреди за македонската историја од потписник на договорот, на самиот ден на големиот празник Илинден.
Бугарскиот министер за одбрана презадоволен од договорот: Денес е убав празник – Илинден, го славиме најголемото бугарско востание
Posted by Неделник Република on Mittwoch, 2. August 2017
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст