| четврток, 6 декември 2018 |

Чолаку: Идеите за поделба на Косово се опасни и застарени

 

Шефот на кабинет на претседателот на Косово Беким Чолаку оцени дека идеите за поделба на Косово и размена на територии или промена на граници се застарени.

Според Чолаку, таквите идеи не допринесуваат за регионална стабилност.

  • Очекуваме од официјален Белград да се воздржи и да не излегува во јавност со ризични предлози како што се поделби и размени на територии или промени на граници затоа што тие идеи, од кој и да доаѓаат се застарени и не придонесуваат за регионалната стабилност, вели тој.

Чолаку го поздрави повикот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ на внатрешен дијалог за Косово и Метохија наведувајќи дека дијалогот ќе помогне на раководството и на народот на Србија да сфатат и прифатат реалноста за независно Косово.

Ова е прва реакција на Приштина на најавата на Вучиќ за отворање на внатрешен дијалог за Косово и Метохија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top