| четврток, 6 декември 2018 |

Вол Стрит Журнал: Следната европска криза е на Балканот

На неодамна завршеното советување зад затворени врати, добро информиран германски дипломат изјавил дека Западниот Балкан е проблем на Европа кој предизвикува најголеми грижи. Таму врие нова криза која ја подгреваат Русија и Турција, рекол тој, пренесува Вол Стрит Журнал.

Според неговото најцрно сценарио, Русија и Турција ќе ги охрабрувале нивните експоненти на Балканот, Србија и Албанија, да им помогнат во прекројувањето на границите во регионот. Србија со руска помош може да анектира големи делови од Босна кои се населени со етнички Срби додека Турција би можела да и помогне на Албанија да преземе сличен маневар не само на претежно албанското Косово, туку и во Македонија, каде поголемиот дел од албанското малцинство би сакал да се припои со матичната земја, наведува американскиот весник.

Текот на настаните е тешко да се предвидат, смета весникот, откако приврзаниците на партиите кои се залагаат за Голема Албанија искажуваат претензии кон некои територии кои се наоѓаат во Србија ќе биде тешко за двете змји да се договорат околу нови граници. Но, ни тоа не е невозможен исход.

 

Ситуацијата на Балканот се расплетува и Западот мора да се грижи за повеќе работи, пренесува Вол Стрит Журнал, не само за руското мешање, туку и за Турција, каде претседателот Ердоган се поблиску соработува со рускиот претседател Владимир Путин. Државите како Србија, Македонија, Црна Гора, Косово и БиХ тврди весникот, попрво би биле членки на ЕУ него сојузници на Русија и Турција, но надежите за скоро зачленување во ЕУ бледеат. Европа ја изгуби Британија и има тешки моменти во средувањето на односите со членките како Унгарија и Полска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top