Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија попладнево ќе го игра последниот меч од групната фаза во Б дивизијата на Европскиот шампионат за играчи до 18 години, што се одржува во Естонија.
Нашите јуниори во натпревар од 5.коло на Д групата ќе играат против домаќинот Естонија селекција која важи за еден од главните фаворити за највисок пласман на првенството.
Естонците досега имаат максимални четири победи и се лидери на табелата со 8 бодови. Македонија пак е во групата од четири селекции со „скор“ од две победи и порази, а со 6-те освоени бодови „црвено-жолтите“ сеуште се во игра за второто место.
Шест бодови имаат и Белгија и Швајцарија кои денеска ќе играат во меѓусебен дуел, како и Данска која е фаворит во мечот против Ирска.
Првопласираните две селекции од групата ќе играат во четвртфиналето, додека трето и четврто рангираните ќе разигруваат за пласман од 9 до 16 место, а останатите две (5 и 6.место) ќе разигруваат од 17 до 24 место во конечниот поредок на првенството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст