| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев и Панчев вклучени во официјалната Суперкуп програма на УЕФА

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) официјално ја претстави програмата за престојниот спектакл наречен Суперкуп на Европа, кој ќе се игра во Скопје.

Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед ќе ја отворат сезоната и ќе се борат за првиот голем трофеј. Во програмата се вклучени историски моменти од меѓусебните дуели на двете екипи, меѓу кои и зборовите на Зидан дека патот до финалето во Киев 2017/18 за Реал започнува од Македонија.

Исто така, Жозе Мурињо вели дека ова финале е „одлична можност“ за нов трофеј, кој ќе биде мерило за силата на победникот на Лигата на Европа.

Во неа има неколку интервјуа, меѓу кои и со Хенрик Михтарјан, стрелецот на вториот гол од Стокхолм, и Марко Асенсио, младата ѕвезда на „кралевите“. Покрај сето тоа, фокусот е насочен и кон Горан Пандев и Дарко Панчев, единствените македонски фудбалери со европска титула.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top