Пожарот во атарот на село Требовље е сè уште активен на м.в. Лутоец и покрај патот што води од село Самоков, м.в Дреноец кој се протега низ борова шума од двете страни на патот, а особено жариштето е присутно на м.в Јасикоец, кое се наоѓа во непосредна близина на патот и населеното место село Растеш.
Во моментов за пожарот во атар на Требовље ангажирани се следните сили и средства: Подрачните одделенија на ДЗС од Мак.Брод, Прилеп и Кичево, а се очекуваат да пристигнат уште лица од ДЗС на РМ; месно население; ТППЕ Мак.Брод; ТППЕ Скопје, Куманово и Кавадарци; 1 авион на ДЗС; војници од гарнизон Кичево; ЈП „Македонски шуми“ Македонски Брод; ЈП „Македонски шуми’ Кавадарци; ЕЛС Маедонски Брод.
Поради големината на просторот, лошиот терен, видот на горивата материја (борова шума), високите температури и присуство на ветар, се појавуваат потешкотии при гасењето на пожарите во овој регион, информира Центарот за управување со кризи.
Во врска со пожарот во село Слатина загрозената викендица и пчелните семејства во вчерашниот ден се спасени, но пожарот се шири према место викано Видуш и во моментов не може да предизвика поголема материјална штета. За пожарот во Слатина ангажирани се сили на ЈП „Македонски шуми“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст