| четврток, 6 декември 2018 |

Хрват му оставил порака на автомобилот на турист, од содржината на писмото ќе се изненадите

Вчера корисник на социјалните мрежи сподели фотографија од порака што го дочека на автомобилот додека бил на летување во Хрватска.

Очигледно и добри пораки може да се остават, а не само пораки полни со омраза и со лоша содржина.

Имено, возачот бил со автомобил со регистарски таблици од Крагуевац, што, најверојатно, тој што ја напишал пораката, го потсетиле на детството и младост, па му ја оставил оваа емотивна порака.

-Баш ми е мило што гледам автомобил од Крагуевац, место каде што некогаш живеев, на улица ЈНА (не знам сега како се вика), во таа зграда на почетокот на улицата од лева страна, во близина на пругата што води за Краљево, од каде што потекнува и татко ми (мајка ми е од тука). Ви посакувам добар престој во Сплит- пишувало во пораката која го дечекала овој турист на автомобилот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top