Фондацијата на американскиот глумец Џорџ Клуни има намера да донира 2,25 милиони долари за отворање седум училишта за 3.000 сириски деца бегалци во Либан, јавува „Гардијан“.
– Фондацијата не сака да се дозволи илјадници млади луѓе да останат „загубена генерација”. Тие се жртви на географијата и состојбите, но тоа не значи дека нема надеж. Со оваа иницијатива ние имаме за цел -помош и обезбедување образование за сириските деца бегалци, и од нив да произлезат идните лидери, коишто на нивната генерација очајно им требаат, соопштија актерот и неговата сопруга Амал Клуни.
Освен „Клуни Фондацијата за правда”, во проектот учествуваат и Гугл и Хјулет-Пакард.
Од Фондот за деца при Обединетите Нации (УНИЦЕФ), којшто раководи со проектот, соопштија дека поддршката од семејството Клуни е „инвестирање во иднината на целиот регион”. Либан веќе ги осознал добрите намери на ѕвездите од џет-сетот, додаваат оттаму.
Либанскиот министер за образование, Маруан Хамаде изјави дека неговата држава е благодарна на хуманиот гест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст