| четврток, 6 декември 2018 |

Во новиот документарец за Дајана: Принцезата зборува за сексот со Чарлс и што и советувала кралицата

Семејството и пријателите на принцезата Дајана вршат голем притисок на телевизката куќа Channel 4 да се откаже од емитирањето на новиот документарец кој го разоткрива интимниот онос на принцезата и нејзиниот сексуален живот со принцот Чарлс.

Документарниот филм донесува нови детали за бурниот живот на принцезата Дајана и треба да биде прикажан по повод 20 годишнината д нејзината смрт, што се обележува на 31 август. Меѓу другото во документарецот има снимки кои ги направил нејзиниот советник за комуникации Питер Сетлен, а кои јавноста никогаш не ги видела.

На нив Дајана зборува за сексуалниот живот со Чарск и вели дека сопругот и рекол дека е негово право да има љубовница и дека не сака да бидде единствениот принц од велс кој немал љубовница.

Дајана сведочи дека со Чарлс имале сексуален однос еднаш на три недели, а по раѓањето на принцот Хари во 1984 година тоа потполно престанало. Затоа, Дајана нашла утеха во нејзиниот телохранител Бери Манаки, кој бил оженет, но во кого таа се заљубила, а по неговата смрт во 1987 година кога загинал во сообраќајка, Дајана го опишува како најголемата љубов на нејзиниот живот.

Кога се соочила со фактот дека Чарлс е во врска со Камила Паркер-Бојл, побарала совет од кралицата ЕЛизабета.
„Ја прашав: Што да правам? Таа ми рече: Чарсл е безнадежен случај. Ете тоа беше нејзината помош“, вели Дајана.

Питер Сетелен ја советуваше Дајана од 1992 до 1993 година, а реши снимките да ги даде на Channel 4, свесен дека длабоко ќе го вознемири нејзиното семејство и принцовите Вилијам и Хар. Наводно, кралското семејство е ужаснато од можноста снимката да биде објавена во Велика Британија, иако е објавена во САД пред 13 години. Братот на Дајана исто така ја замолил телевизијата да не ги пуштаат снимките.

Од Channel 4 порачаа дека го прегледале материјалот и дека на документарецот гледаат како на единствен портрет на принцезата Дајана, која сакаше да биде глас на јавноста, но и да ја раскаже својата приказна, пишува Independent.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top