Добро е пред да изјавува било што Зоран Заев да се погледне во огледало и да размисли за сето зло што и’ го прави на државата, па би било добро и да почне да размислува и да се потсети на начинот на кој што дојде на власт, но и на тоа дека од ден на ден вртоглаво ја губи и таа мала поддршка која ја имаше, пишува во својот ФБ статус членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Богдан Илиевски.
Тој понатаму вели дека само тие што имаат директна профит од него лично глумат дека му веруваат. Другите веќе ја знаат целата вистина. Еве ја, на ачик, пред сите нас. Вечерва на Влада Бујар Османи најави дека ќе го усвојуваат Законот за јазици. Капитулантскиот договор со комшиите поддржан со две раце од најголемите националисти во Бугарија кој ќе се потпише утре е само уште една епизода, за која зборувавме и ние 60 дена пред и 15 дена по 27-ми април.
За сите други нејаснотии, ќе даде Господ, ќе се разбереме на суд. А бога ми и на избори, завршува со својот статус Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст