| четврток, 6 декември 2018 |

Законот за јазиците вечерва на владина седница

Законот за употреба на јазиците вечерва најверојатно ќе се најде на владина седница, најави заменик-претседателот на владата задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Тој вели дека за ова го информирал и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов со кој денеска се сретна за да му го презентира планот 3-6-9.

Османи не одговори дали добил ветување од претседателот дека ќе го потпише законот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top