| четврток, 6 декември 2018 |

Почина славната француска актерка Жана Моро

Актерката Жана Моро, една од најголемите ѕвезди на француската кинематографија во последните 60 години почина во 90. година од животот.

Актерката беше најпозната по улогата во „Жулс и Џим“ од 1962 година, филм од францускиот нов бран, а во текот на кариерата освои многубројни награди.

На Канскиот фестивал доби награда за најдобра актерка во „Седум дена… седум ноќи“ од 1960 година.

Работела со Орсон Велс на неколку филма и доби награда „Бафта“ за најдобра странска актерка во филмот „Вива Марија!“ од 1967 година.

Безживотното тело на Моро е пронајдено во нејзината куќа во Париз.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top