Марија Шерифовиќ си ја пронашла среќата во нова врска со атрактивна девојка од Лос Анџелес поради што често патува во САД.
Тие двете се запознале преку заеднички пријатели. Марија веднаш се вљубила во оваа убавица и тоа и го потенцирала. Исто така, поради неа често оди во ЛА. Дека не се работи само за кратка авантура, сведочи и близок пријател на пејачката.
-По турбулентниот љубовн период, Марија кончено најде мир. Една атрактивна Американка и го уркаде срцето. Заедно се веќе неколку месеци. Одлично функционираат и многу им е убаво заедно. Секако, како и досега, Марија нема намера да зборува за својот љубовен живот, ниту пак новата љубов да ја претставува во јавност, вели нејзин пријател.
Марија не сакала да ги коментира овие наводи во српските медиуми.
Инаку љубовниот живот на познатата српска пејачка секогаш бил интригантен. Марија година дена беше во врска со Елена Кариќ. По врската со снаат на најбогатото српско семејство, Шерифовиќ дури два пати на Инстаграм крена прашина објавувајќи фотографии на кои се гледа женска рака. Марија распиша и конкурс за невеста, но подоцна објасни дека тоа било шега во која учествувала и нејзината пријателка Јелена Карлеуша.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ова е една од најголемите тајни на Марија Шерифовиќ: Три пати била…
-
„Син ми беше клинички мртов“: Поради ова познатата пејачка ќе и биде благодарна на Шерифовиќ!
-
Не знаеше дека камерите се вклучени: Амиџиќ го коментираше сексуалниот живот на Шерифовиќ
-
Не е болест се што боли: Марија Шерифовиќ ја откри својата тајна опсесија!