Основачот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) и првиот премиер на независна Хрватска, Јосип Манолиќ (95), тврди дека Жељко Ражнатовиќ Аркан и продал на Хрватска 12 камиони полни со оружје кои , наводно ги дал за негово ослободување од затворот Реметинец. Тој исто така тврди дека на поранешниот претседател на Хрватска, Фрањо Туѓман, за два милиони германски марки му го дал видеозаписот за воените злосторства во Овчара.
Манолиќ неодамна објави политички мемоари со наслов “Политиката и татковината” во кои на страницата 232 се вели дека двете најважни случувања во врска со Аркан ” не треба да останат државна тајна, без разлика што некои денес силно го сакаат тоа”, пренесува загребскиот портал „Телеграф“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст