| четврток, 6 декември 2018 |

Кинеска направила пластична операција за да не врати кредит

Една Кинеска се одлучила на пластична операција за да го избегне враќањето на кредит од околу 3,7 милиони долари, пренесуваат светските агенции.

После пресудата на судот во Вухан за кредит, Чу Нацјуан (59) го променила изгледот и се сокрила на непозната локација.

Според податоците, таа е задржана овој месец кога во Шенжен се обидела да купи возна карта со лажна лична карта.

И полицајците кои дошле да ја приведат биле изненадени колку повеќе не личела на себе си од сликата. Според нивните зборови „изгледала како да има 30 до 40 години“.

Во последно време локалните власти на Вухан сериозно се борат против обидите да се избегне исплата на кредит.

За првите шест месеци оваа година 186 луѓе се приведени под обвиненија дека се обиделе да избегнат плаќање на долг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top