Марјан Додовски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната панел дискусија истакна дека со самиот ребаланс на буџетот во кој најголем дел од средствата кои се кратат се токму во делот на животната средина всушност станува збор за институционална негрижа на државата, однсоно од владата на СДСМ.
– Наместо да се следи еден процес на зголемување на финансиските средства во делот каде што ќе се поддржат инвестициите во заштитата на животната средина, заштитата на дефинираните заштитени подрачја во подобрување на квалитетот на живот, ние имаме едни ретроградни процеси токму на кратење на финансиски средства – посочи Додовски.
Вели дека целиот свет говори оти ние живееме во време каде секогаш се говори за исклучително важни еколошки теми, климатските промени, она што се нарекува совладување на проблемот со управувањето со отпадот, борбата за чист воздух, а во Македонија има една ситуација каде што интензивно државата почнува да чекори по еден пат на кратење на средствата во делот на животната средина.
-Доколку не алармирани на некој начин ќе бидеме и ние одговорни во овој дел на заштитата на животната средина. Земајќи ја целата одговорност како политичка партија јавно ги отвораме овие дискусии и затоа нашите пратеници во Собранието, кога се дискутира за овој ребаланс јасно говорат од потребата дека финансиските средства за делот на животната средина не треба да се намалуваат, туку напротив треба да бидат зголемни. Сето тоа кога ќе се надополни со оној еколошки „фолклор“ кој ни се случува на целата територија, започнувајќи со ѓубриштата или оние нелегални депонии како што го имаме во Струга, Тетово, Кумановско, сето тоа нас не носи на еден заклучок дека актуелната влада апсолутно не знае како да се справи во делот на животната средина, потенцира Додовски.
Според него, проблемот во Струга ги тишти не само Стружани, туку го тишти целиот регион. Не се потребни паушални решенија, не се потребни решенија за пред камера за еден или за два дена, туку треба суштински пристап и крајно решавање на проблемот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст