Со свечена поворка пред столбот на Крушевската Република во центарот на Крушево и со полагање свежо цвеќе пред спомениците на великаните на Крушевската Република, на 1 август од 18 часот по 50-ти јубилеен пат во Крушево ќе почнат научно-културните средби „10 дена Крушевска Република“.
Претседателот на манифестацијата и градоначалник на Крушево Ѓорѓи Дамчески рече дека научно-културните средби „10 дена Крушевска Република“ пет децении ја исполнуваат целта за достојно одбележување на Илинденското востание и Крушевската Република.- Отворањето на самата манифестација ќе биде на платото на Гумење во 20.30 часот, традиционално на први август, со свечено подигање на бајракот на Крушевската Република и богата културно-уметничка програма. Манифестацијата ќе трае десет дена, до 10 август, и опфаќа околу 20 културни настани.
– Аманетот на Илинденците и жртвите дадени за самостојна и независна Република Македонија нас и следните генерации не обврзуваат да ја чуваме идејата за сопствена самобитност и суштествување. Низ сите овие 50 години постоење, манифестацијата организирала повеќе од 1000 културни настани, десетина научно-историски трибини што се објавени во 11 тома „Прилози за Илинден“ – рече Дамчески.Марија Апостолоска, портпарол на манифестацијата нагласи дека и годинава ќе има богата програма во сите 10 дена.
Манифестацијата ќе понуди научни трибини, театарски претстави, настап на културно-уметнички друштва. Затворањето на научно-културните средби „10 дена Крушевска Република“ ќе биде со концерт на Воениот оркестар и со церемонија на спуштање на бајракот на Крушевската Република и почесна стрелба за хероите од Илинден 1903 – рече Апостолоска.
На 3 август ќе се одржи научната трибина на тема „Илинден, слобода, државност и независност“. Со свои научни прилози ќе учествуваат 10-ина еминентни историчари. На симпозиумот ќе биде промовирана книгата „Последниот илинденец“ од Иван Глигоровски.
Во подготовка е и монографија за манифестацијата која ќе ги опфати сите збиднувања во 50-те години одржување на научно-културните средби „10 дена Крушевска Република“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во Париз манифестација за „Суверена и мултукултурна Македонија“
-
Културната манифестација „Македонија во чест на свети Кирил“ свечено отворена од премиерот Груевски (фотогалерија)
-
Традиционална манифестација „Македонија во чест на свети Кирил“ во Рим (ФОТО)
-
Денови на младата македонска проза во Софија