Денеска сме овде пред Министерството за здравство за да му дадеме совет на неспособниот министер Таравари дека кога во државата има сериозна ситуација, опасна болест за чие ширење тој лично е виновен, и кога заради неодговорноста на министерот се губат човечки животи, министерот треба да е тука а не да седи во Америка во луксузни платени хотели и да ни држи лекции и неинвентивно под притисок да филозофира, изјави на денешната прес-конференција Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.
Под раководство на некадарниот Таравари, вели Стојаноска, Министерството за здравство станува сининоним за негрижа и неспособност, и станува главен промот на хаос и неизвеснот за граѓаните.
-Граѓаните со право се загрижени. За само два месеци министерување на Арбен Таравари се сруши целиот здравствен систем. Поради неажурноста на Министерот во гостиварска Симница се случи епидемија на хеморагична треска и тоа од најлесниот облик од која починаа две лица, десет се хоспитализирани, а за десетици не се знае дали се инфицирани или не. Исти вакви случаи во минатото биле успешно лекувани и немало жртви, а уште помалку епидемии. Тоа впрочем сам го призна министерот, истакна Стојаноска.
Вели дека ова е резултат на неодговорноста на министерот кој состојбата ја надгледува од Соединетите американски држави и нема абер да дојде тука во Македонија за да се справи со алармантната ситуација.
-Уште колку жртви треба да се случат за Таравари да се врати во Македонија? Уште колку човечки животи треба да изгубиме за Таравари да ја понесе својата одговорност?, прашува Стојаноска.
Според неа, недозволиво е лицата заболени од хеморагична треска да биле погрешно третирани со денови.
-Недозволиво е да се немало соодветен реагенс за навремено дијагностицирање. Недозволиво е да не се превземат мерки за дезинфекција, изолирање на причинителот и воспоставување на карантин и на тој начин навреме не се спречило ширење на болеста и потенцијално заразување на стотици и илјадници лица од Симница и гостиварскиот регион, истакна Стојаноска, додавајќи дека премногу е сериозно за Таравари по вибер и видео-изјави да се справува со ваква сериозна работа.
-Оставка е тоа што најмалку може да го напраави Таравари сега, посочува Стојаноска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст