Одделението за имотни деликти по претходно превземени мерки и активности дојде до оперативно сознание за тројца можни сторители на извршени 15 кривични дела – “тешка кражба“ и “кражба“ а се работи за лицата Г.С. (21) како и двајца малолетници од 14 и 13 годишна возраст кои се штитеници на ЈУЗКП „25 Мај“ – Скопје. Кривичните дела пријавените ги извршувале во периодот од ноември минатата до мај оваа година на подрачје на град Скопје поточно во населбите Кисела Вода и Центар.
Имено, тие извршиле 15 кривични дела од кои; три тешки кражби во станови, два обиди за тешки кражби во станови, една кражба во стан, две тешки кражби во ПМВ, две тешки кражби на моторцикли, четири тешки кражби во останати објекти (книжари и гаража), една кражба во куќа – кривични дела предвидени и казниви по чл.236 , 236/19 и 235 од КЗ на РМ.
Тешките кражби во станови ги извршувале на тој начин што со насилно отварање на прозорецот од купатилото и прекачување преку истиот влегувале внатре во станот вршеле претурање и пребарување при што краделе мобилни телефони, лап топ, пари, женски ташни, паричници и др. Кражбите во стан и куќа ги извршувале при згодна прилика односно во нив влегувале преку незаклучената врата. Тешките кражби во ПМВ ги извршулале така што со штрафцигер ги обивале бравите од вратите на возилата и краделе акумулатори, разен алат, касетофони и друго, а пак, тешките кражби во книжарите ги вршеле на тој начин што со погоден предмет (камен и сл.) ги кршеле излогните стакла влегувале внатре и краделе ранци, пари и др.
Со двете деца од 14 и 13 годишна возраст обавен е службен разговор во ЈУЗКП „25 Мај“ – Скопје во присуство на инспектор за малолетничка деликвенција и социјален работник од домот. По првопријавениот Г.С.распишан е локален распис, истиот е пронајден приведен и обавен службен разговор во ПС “Кисела Вода“.
Инаку, украдените предмети ги продавале на пазарот за стари работи лоциран на ул. “Лазар Личеновски“ на разни купувачи, потоа на Бит Пазар како и на лицето С.Б. (29) од ул. “Вашингтонска“, во чиј што дом со наредба од Истражен судија од ОСС 1 извршен е претрес и таму се пронајдени разни предмети кои потекнуваат од кривични дела : акумулатори, лап топ, касетофони, велосипеди и др. Заработените пари ги користеле за купување на дрога како и други свои потреби. Отсекот за тешки кражби при СВР Скопје работи на расчистување и на други кривични дела тешки кражби, кражби во станови , куќи и ПМВ со истите сторители, а по целосно расчистување и документирање на кривичните дела од страна на СВР-Скопје ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Лицето Г.С. во крим-евиденциите минува за сторени повеќе кривични дела: “тешка кражба“, “тешка кражба во обид“, “дрска кражба“, “кражба“, “разбојништво“ и “одземање на ПМВ“. Исто така за кривични дела од областа на имотните деликти во крим евиденцијата минуваат и двајцата малолетници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст