| четврток, 6 декември 2018 |

УХМР со вонредна најава

Денеска на повеќе места ќе дува засилен северозападен ветер, кој ќе биде поизразен по Повардарието, источните делови, како и во Скопската Котлина и на моменти ќе достигнува брзина од околу 60 км/час.

Од утре следува период на стабилно, сончево и се потопло време со постепен пораст на дневната температура. Се очекува најтопло да биде кон средината на следната работна седмица, кога дневната температура на воздухот ќе достигне до 40 степени. УВ индексот ќе има многу висока вредност 9. Со зголемувањето на температурата на воздухот се зголемува опасноста од појава на шумски пожари. В недела и в понеделник попладне во западните делови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд со грмежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top