| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија утринава во Македонија – загина младо момче

Трагедија во Македонија, се случи сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот. Околу 4 часот утринава на магистралниот пат Струмица- Ново Село, кај местото викано Сушичко стопанство, се судриле автомобил „Голф“ управуван од 46-годишниот Р.П. од Василево и трактор во кој се превезувале повеќе лица.

За жал, на лице место животот го загубил 24-годишниот Д.Р. од делчевско Вирче.

Полицијата врши увид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top