Владата во Скопје вчера ја објави содржината на Договорот за пријателство меѓу Македонија и Бугарија, што претствува прво затворање на надворешен фронт на новата Влада на Зоран Заев со една од вете соседни земји на Македонија кои се членки на Европската унија, пишува денеска „Катимерини“.
Во кус осврт на Договорот, нагласувајќи дека во документот се употребува уставното име Република Македонија, весникот наведува дека Бугарија, меѓу другото, „ќе ја поддржи Република Македонија за добивање на покана за членство во НАТО согласно соодветните одлуки од средбите на врвот на НАТО“.
„Оваа формулација и одговара на Атина затоа што јасно се однесува на одлуката од Букурешт, според која решавањето на прашањето за името е основен предуслов за влез на ПЈРМ во Северноатлантската алијанса, пишува „Катимерини“.
Весникот понатаму без коментар го цитира делот од Членот 11 според кој двете земји немаат и нема да пројавуваат територијални претензии една спрема друга и нути една од Договорните страни нема да дозволи нејзината територија да биде искористена против другата од организации и групи, кои имаат за цел извршување на субверзивни, сепаратистички дејствија и дејствија кои се закана за мирот и безбедноста на другата Договорна страна.
Осврнувајќи се на членот 12 во кој стои дека во рок од три месеци од влегувањето во сила на Договорот, двете земји ќе основаат Заедничка меѓувладина комисија, весникот пишува дека „тоа може да предизвика извесен притисок врз Атина“.
„Решавањето на ова прашање се очекува во пракса да предизвика мал притисок врз Атина, со оглед на тоа што Грција останува единствена земја-членка на ЕУ во регионот која има несогласувања со Скопје“, коментира „Катимерини“.
Весникот потсетува дека на последната средба меѓу грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас и медијаторот Метју Нимиц во Брисел се договориле дека не се очекува разговорите за името веднаш да продолжат.
„Како и да е, сите страни проценуваат дека 2018 година ќе биде исклучително критична за прашањето за разликите околу името“, заклучува „Катимерини“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст