| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсена група терористи кои подготвувале напади во Санкт Петербург

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) уапси седум лица од Централна Азија, осомничени дека подготвувале напади во Санкт Петербург.

Според истрагата, Азијците од седумчлената група подготвувале терористички акции на железнички станици во реонот на Санкт Петербург и на места каде има поголема фрекфенција на луѓе. За нивните активности се води истрага.

Федералната служба за безбедност не го открива идентитетот на приведените во интерес на истрагата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top