ВМРО-ДПМНЕ го повикува министерот за здравство Арбен Таравари да си поднесе оставка, бидејќи се уште нема точна дијагноза од што починале двете лица од Симница и не се знае дали е набавен потребниот реагенс и која е вирусната болест што се шири низ Гостиварско. – Граѓаните додека се во хаоси и паника, службите на Министерството спијат. Катастрофално е министерот и премиерот да немаат обезбедено реагенси за констатирање на дијагноза. Страшно е 5 дена да немаат никаков интерес да санираат една појава на тешка болест, воопшто да не се замараат за здравјето на луѓето од Симница и Гостиварско, и наместо да покажат грижа да се обидат да го сокријат настанот, рече Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција. Нагласи дека министерот Таравари дава паушални изјави од Америка додека во Гостиварско умират луѓе и сите се во страв и паника, исплашени за своите животи и животите на своите деца. – Гостивар е загрозен опасно, ситуацијата е алармантна, а Таравари си прави екскурзии во Америка. Цел Гостивар е во паника, жителите на Симница се вознемирени и смртно исплашени, вработените во инфективната клиника во Скопје се во паника, и во право се. Заради неспосветеноста на Таравари се создаде хаос и неизвесност која ги загрози и ги загрозува граѓаните на Македонија. Најмалку што може да направи во моментов Таравари е да си поднесе оставка заедно со целиот тим, потенцира Стојаноска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст