Никола Попоски од ВМРО ДПМНЕ, по објавувањето на договорот со Бугарија, изјави дека владата излегла во пресрет на барањата на Софија, но оти се добива впечаток дека ги заборавила интересите на Македонија. Според поранешниот шеф на дипломатијата, станува збор за меѓудржавен договор, но спрецифично, како што наведе, е дека има определно оспорување на посебноста на македонскиот јазик и на Македонија како нација.
За да добие поддршка во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, тој истакна дека ќе мора да има корекции во делот на националните интереси. Попоски порача дека е потребен фер договор кој ќе затвора проблеми, а не ќе креира фрустрација на патот на Македонија кон ЕУ. Таков фер договор, според него, ќе биде основа за добивање најширока поддршка во Собранието и чувствата во јавноста ќе бидат дека со него се добива, а не се губи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст