| четврток, 6 декември 2018 |

За Бугарката Захариева нема македонски народ, туку „население во Македонија“

Бугарската министерката за надворешни работи Екатерина Захариева пред пратениците по едногласната поддршка на Договорот со Македонија рече дека „Навистина покажавме дека за важни национални приоритети можеме да се обединиме; Благодарам на сите политички партии“. Захариева потоа посочи дека се надева дека „македонскиот парламент гледа што се случи во нашиот“.

Захариева не се воздржа и продолжи во насока на третманот на договорот во македонските медиуми, а се повика и на само за неа познати резултати од анкета на, како вели „населението на Македонија“.

-За жал, по посетата на Заев тука не можам да пребројам колку беа објавени негативни текстови во медиумите во Македонија. Од друга страна се појави и едно истражување дека над 80 проценти од населението на Македонија го поддржува потпишувањето на тој договор и затоплување на односите-  порача Захариева повторно избегнувајќи да рече македонски народ, туку „население на Македонија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top