За хипохондриците најчесто се вели дека нивната непотребна грижа за здравјето „ќе ги однесе в гроб”, но една нова студија покажува тие всушност живеат подолго.
Генерално, невротичните луѓе кои го оцениле своето здравје како лошо без физички причини за тоа, имаат помал ризик од смрт. Се смета дека „здравите невротици” повеќе водат грижа за своето здравје и почесто бараат совет.
– Нашите откритија се значајни бидејќи покажуваат дека да се биде голем невротик може да има заштитни ефекти, можеби поради тоа што тие луѓе се повнимателни со своето здравје, изјави раководителот на истражувањето професор Кетрин Геил.
Невротичноста се карактеризира со емотивна нестабилност, тага, ниска самодоверба, гнев, анксиозност, чувство на вина и фрустрации. Поврзана е со одбивност, депресија и прекумерно пиење и пушење.
Но, во студијата е откриено дека невротичните лица имаат пониско ниво на биомаркер за воспаленија и хронични болести, токму затоа што водат повеќе сметка за своето здравје.
Истражувачите од Универзитетот во Единбург ги истражиле податоците за 500.000 луѓе на возраст од 37 до 73 години и ја испитувале врската меѓу невротичноста и ризикот од смрт во зависност од тоа како луѓето го оценувале своето здравје. Учесниците пополниле приватни прашалници и одговориле дали се чувствуваат одлично, добро, средно или лошо околу нивното здравје.
Податоците покажале дека лица кои се поголеми невротици имале помал ризик од смрт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст