Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја изработи Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2016 година.
Во оваа анализа се претставени податоци за бројот на радиодифузерите, нивните економски перформанси во 2016 година (вкупните приходи, структурата на приходите, вкупните трошоци и структурата на трошоците, финансискиот резултат од работењето, како и просечниот број на вработени во редовен работен однос) и податоци за гледаноста на телевизиите и слушаноста на радиостаниците во 2016 година.
Заклучно со 2016 година програма емитуваа 139 радиодифузери(66 телевизии и 73 радија). Во текот на годината престанаа да важат дозволите на шест телевизиски и на три радиостаници (ТВ Далга Крт, ТВ Скај Нет, ТВ Супер скај, ТВ Еми, ТВ Чеграни медиа, ТВ Ускана, РА Мерлин, РА Охрид и РА Ди-Џеј), а беа доделени четири нови дозволи(ТВ Топестрада, ТВ Ускана еден, ТВ Ускана медиа и РА Балкан ФМ)
МРТВ во 2016 година остварила најниски приходи во последните пет години, во вкупен износ од 1.189,83 милиони денари. Најзначајно учество во вкупните приходи имала радиодифузната такса (67,50%). Вкупните трошоци изнесувале 1.130,37 милиони денари. Финансискиот резултат од работењето на јавниот сервис бил со добивка во износ од 68,70 милиони денари.
Вкупните приходи на комерцијалните телевизии за 2016 година изнесувал 1.540,19 милиони денари. Највисоки приходи од реклами остварила Сител телевизија со 466,15 милиони денари.
Комплетниот извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги можете да го погленете тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст