Со претставата „Маша и нејзината волшебна приказна“ на театарот Крик од Скопје, вечер (26 јули) во Мала Преспа, Република Албанија, почнува јубилејното 10. Македонско културно лето што го организира Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“.
Фестивалот ќе трае до 31 јули, а продолжува утре со „Гига мега бајка“ на скопскиот Театар за деца и младинци.
Посетителите ќе може да ги видат и претставите „Театар љубов моја“ и „Синиот портокал“ во изведба на Театар Џинот од Велес, како и „Приказните на заборавените претци“ на Народниот театар од Слоештица.
Македонското културно лето ќе заврши со мјузиклот „Циклус Македонија“ на Здружението „Сонце“ пред чие одржување ќе бидат доделени и награди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.