| четврток, 6 декември 2018 |

Дивата депонија во Струга повторно гори (фото)

Дивата депонија во Струга повторно е во пламен. Пожарот се случува во екот на туристичката сезона, а густиот чад може да се забележи и од Охрид. Информациите од теренот говорат дека во подрачјето се шири неподнослива миризба на дим и отпад. Пожарникарски екипи се веќе на теренот.

Пред неколку недели депонијата неколку пати се палеше. Стружани остро реагираа и протестираа повикувајќи ги надлежните да го решат проблемот кој е сериозна закана за нивното здравје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top